Description
Пчеларската фарма ШУ-МИ ДОО Берово е основана некаде во средината на 19-от век, од првиот пчелар во Фaмилијата – Ѓорѓи Шуперлиски. Оттогаш па сè до ден денес пчеларството во оваа фамилија е традиционален бизнис и се предава на секоја нова генерација. Во меѓувреме, со промената на генерациите се менуваат и технологиите на пчеларење, како и пристапот кон пчелите од еколошки, социјален и економски аспект. Постојаното инвестирање во модерни технологии на пчеларење во комбинација со искуството генерирано со генерации е гаранција за квалитет на нашите производи кои исто така се едниствени и неповторливи и по своите органолептички карактеристики.
Употреба на сопствено произведен восок, како заштита од можно загадување што произлегува од употреба на комерцијалниот восок на пазарот. (Восокот кај конвенционалното производство е производ од други пчелари, и доколку истите имаат користено забранети препарати за заштита од болести на пчелите, истите препарати преку восокот можат да се најдат во самиот мед. Исто така ценовните предизвици за евтини репро материјали ги тераат пчеларите покрај пчелен восок за своите пчели да употребат парафин или некои други материјали – пластика и сл., кои својот хемиски состав можат да го предадат на крајниот производ – Медот.)