Опис
Зошто да го вклучите во секојдневната исхрана:
Афион
– Семките од афион се богат извор на диетални влакна, вид на јаглени хидрати кои се наоѓаат во храната од растително потекло.
– Богат е со фосфор, магнезиум, калиум и железо.
– Помага при лекување на тромбоза и емболија,антиканцерогено дејство, го нормализира нивото на холестерол во крвта, ја зголемува моќта на концентрација, ги зајакнува нервите, ја смирува болката и ги релаксира мускулите. Го забавува стареењето на организмот. Помага во развојот и заштитата на коските, тоа е природен еликсир за остеопороза. Го нормализира нивото на холестерол во крвта. Го зајакнува одбранбениот механизам на телото.
Лута пиперка
– Капсаицинот на пиперките не им дава сао лутина, туку делуваат антивоспалително . Благодарение на капсаицинот, чилито има антивоспалителни својства. Капсаицинот силно ја блокира супстанцата П, која е поврзана со воспалението на процесите во организмот. Редовното внесување на чили може да послужи каок одлична превенција од артритис.Го подобрува варењето. Според ајуверда, лутиот вкус го стимулира апетитот и го подобрува варењето. Храната која добро се вари му дава на организмот неопходни нитрати и енергија.
Лук
– Висок холестерол во крвта, тумор, инфаркт и болести на срцето и артериите се само дел од долгата листа на болести против кои лукот може успешно да се избори. Во неговиот состав, лукот содржи селен, магнезиум, калиум, калциум, флавоноиди, како и витамините Б6 и Ц. Лукот ви дава сила. Едно чешне лук содржи 12 милиграми калиум, 5 милиграми калциум и 100 сулфурни соединенија.
Сончоглед
– Сончогледот содржи витамини и минерали кои се добри за организмот. Во својот состав ги има витамините Б1, Б3, Е и бета каротин, и минералите магнезиум, бакар, цинк, селен, манган, калциум, фосфор, натриум, калиум и железо.
– Содржи и природни антиоксиданти, како соединенија на полифенол и хлорогенична киселина, кои помагаат да се отстранат штетните материи од организмот.
– Овие нутритивни материи помагаат во одржување на здравјето на коските и ги намалуваат болките во мускулите. Го забрзуваат метаболизмот и варењето на храната. Влијаат позитивно на целиот организам и го намалуваат стареењето на кожата.
Нане
– Листовите од нането имаат доста ниска калориска вредност. Свежите листови од нане содржат незначителни количества протеини, масти и нешто повеќе јаглехидрати (половината од нив се од растителни влакна).Нането има солидна микронутритивна вредност: значителна количина од витаминот А (маснораствролив витамин кој е клучен за здравјето на очите), потоа железо, манган, витамини од Б групата (особено Б9 или фолна киселина) и помали количества калциум, магнезиум, калиум, цинк, фосфор, калиум и витамин Ц.