Опис
Какво е влијанието на колагенот од АФИОН ?
-
Го подобрува здравјето на кожата и косата
Како што старееме, производството на колаген опаѓа. Зголемувањето на нивото на колаген може да и помогне на вашата кожа да изгледа поцврсто, да ја зголеми мазноста и да им помогне на клетките на кожата нормално да се обновуваат.
Кога кожата ја губи еластичноста како резултат на намален колаген, има уште еден несакан ефект: повидлив целулит. Бидејќи кожата е потенка, целулитот станува поочигледен. Придобивките од колаген, исто така, вклучуваат намалување на стриите на кожата.
-
Ги намалува болките во зглобовите и дегенерацијата
Најчести болки и потешкотии при движење се јавуваат во тетивите и лигаментите поради намалено создавање и истрошување на колагенот.
Колагенот помага на зглобовите полесно да се движат, ја намалува болката често поврзана со стареењето, па дури и го намалува ризикот од нивното влошување.
Истражувачите од Медицинскиот центар „ Beth Israel Deaconess “на Харвард во Бостон ги испитуваа придобивките од колагенот и открија дека дополнувањето со колаген помага на пациентите кои страдаат од ревматоиден артритис во ослободување од болките со намалување на отокот во зглобовите. Друга студија објавена во Меѓународниот весник за медицински науки покажа дека луѓето со остеоартритис и болки во зглобовите третирани со колаген покажуваат значителни подобрувања во секојдневните активности и општо подобрување на квалитетот на нивниот живот.
-
Го забрзува метаболизмот, мускулната маса и помага во создавањето на енергија
Зголемувањето на колагенот може да помогне да се забрза метаболизмот, додавањето на чиста мускулна маса и брзо и правилно разложување на основните хранливи материи. Задржувањето на мускулната маса е клучно со стареењето, бидејќи помага да се поддржи држењето на телото, здравјето на коските и го зголемува процесот на согорување повеќе калории.
-
Ги зајакнува ноктите, косата и забите
Недостатокот на колаген може да биде причина за лесна кршливост на ноктите. Колагенскиот протеин е градежен блок за ноктите, косата и забите. Додавањето колаген во вашата исхрана може да ви помогне да ги одржите вашите нокти цврсти и да го намали и успори процесот на опаѓање на косата.
-
Го подобрува здравјето на црниот дроб
Колагенот им големо влијание за детокс на телото од штетни материи. Тоа е затоа што глицинот помага да се намали оштетувањето на црниот дроб кога апсорбира токсини што не треба да минуваат низ него.