Во текот на 20 век, Македонија беше позната низ цела Европа по својот опиум!
Во индустријата за лекови со опиум, која цветаше во првата половина на 20 век, едно од клучните места имаше опиумот, не не само легалниот, туку и на црниот пазар, според новите истражувања на историчарите.
Македонскиот медицински опиум, произведен од афион, кој поради својат екстра висок квалитет беше продаван на светскиот пазар, најпрво го набавија водечки европски фармацевтски компании, а по 1928 година скоро целото југословенско производство на опиум го превземаа американски компании, наведува „Хрватскиот журнал“ за „Современа историја“.
Во една статија, историчар од Институтот за современа историја на Србија, Владан Јовановиќ, во неколку фази реконструира малку познати аспекти на извозот на квалитетниот македонски суров опиум кај американски фармацевтски компании во 1930-тите, кога американско- југословенските односи „го преминаа доменот на економската соработка“.
До 1928 година, фармацевтските фабрики во САД беа 16-тата најпрофитабилна гранка на индустријата, а во „златната ера“ на фармацевтската индустрија (1930-1960) достигна и го држеше првото место, пишува Јовановиќ, истакнувајќи дека на основачите на фармацевтските фабрики ширум Северна Америка доминирале германски имигрантски семејства .
Морфиумот беше официјално издвоен од опиумот и беше патентиран во бранот на германскиот научен ентузијазам од крајот на 18 век, во хемиската работилница Мерк во Дармштат, а диацетилморфинот стана заштитен знак на Баер, кој извесно време се продаваше како лек за кашлица и туберкулоза под брендот „хероин“, се сеќава авторот.
Побарувачката за наркотици во тоа време беше многу голема. Според началникот на Федералниот оддел за наркотици, Хари Ј. Анслингер, во Соединетите држави имало приближно 140,000 зависници во 1931 година, а слободните процени одеа до милион зависници.
Ова беше фаворизирано од неконтролираната обработка на опиумот, што беше забележано и во самиот Њујорк, каде што се произведуваа 8,4 тони хероин месечно во раните 1920-ти.
Ситуацијата стана покомплицирана кога Њујоршката мафија се вклучи во опојниот бизнис, забележува Јовановиќ.
Главниот снабдувач и дистрибутер на хероин од германските фабрики беше Арнолд Ротштајн, а сицилијанскиот емигрант Чарлс „Среќен“ Лусијано одржуваше контакт со париската организација Ели Елиополу, на чие чело бил син на грчки дипломат во Турција, кој шверцувал опиум и хероин во Франција и САД од 1927 година па се‘ до Далечниот исток.
Кон крајот на 19 век, кога американскиот Конгрес ја донесе првата забрана за опиум за заштита на своето бело население, Турците засадија бел афион во Повардарието. Во тој дел на тогашната Турската империја, благодарение на агро- биолошките предности на македонското тло, афионот добро цветаше и стана меѓу најдобрите во светот. Содржи 14 до 16 проценти морфин (или морфни единици) наспроти Кинескиот, чиј морфин е само 3 до 5 проценти. Авганистанскиот има нешто слично колку Македонскиот.
Селаните брзо се уверија во профитабилноста од собирањето „кафеав катран“ од неговите засечени стебла, истакнува авторот. Веќе во последната декада на XIX век, во долината на Вардар се произведуваше околу 70 тони суров опиум годишно, кој потоа се извезуваше преку Солун. До 1928 година се извезуваше главно во Германија (55%), Швајцарија (25%) и Франција (10%), а само во 1928 година беа извезени 145 тони македонски опиум.
Од 1929 до 1934 година, скоро целото годишно производство го купиле американските фабрики, проследено со период на работењето на турско- југословенското Централно биро, обележано со меѓусебна опструкција и ривалство на американскиот пазар, а се‘ се завршува до фазата кога степенот на нелегална трговија со дрога и шверц во Југославија ги загрозени опасно односите со САД пред избувнувањето на Втората светска војна.
Според официјалните податоци на Министерството за земјоделство, од југословенската монархија биле извезени вкупно 668 тони суров опиум во вредност од 386 милиони динари од 1927 до 1939 година. На годишно ниво, ова изнесуваше во просек 42 тони опиум во вредност од 29 милиони фунти, што соодветствуваше на пример со просечните годишни приходи на буџетотот на целата тогашна Вардарска регија
Со оглед на тоа што 8 до 10 тони опиум се шверцуваа годишно во Кралството Југославија, може да се заклучи дека скоро четвртина од легалното производство всушност било во нелегален сообраќај, посочува Јовановиќ.
Ако на ова се додаде шверцот со деривати на опиум (морфиум, хероин и кодеин) во САД и здружението на шверцерски организации од Белград и Скопје со водечките европски мрежи за трговија со дрога преку Атлантикот (Елиопулос, Бакула, Раскин) и засилениот интерес на Друштвото на народите и американската дипломатија за ситуацијата во Југославија од крајот на 1937 година, се стана разбирливо.
Инаку денес, ситуацијата со афионот е сосема поинаква во Македонија. Земјава има строги првила и прописи и за производство и за одгледување.
Одгледување на афион кај нас е дозволено само на правни и физички лица кои имаат одобрение за производство на афион, издадено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по претходно склучен договор со правно лице кое е овластено за негов откуп и на пријавени површини до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок најдоцна 15 дена по сеидбата.
За производство на афион се прави посебен договор со откупувачот кому производителот е должен да му ги предаде во целост овршените афионови чушки. Предмет на договорот може да биде и семето, но тоа може и слободно да се продава. Откуп на афион за производство на опојни дроги може да вршат правни лица кои имаат одобрение и се регистрирани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за откуп и производство на опојни дроги и психотропни супстанции. Во нашата држава производството на афион е регулирано со Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции (Сл. весник на РМ бр. 103/2008).
Превземено од www.maskimagazin.faktor.mk