Александар Димитриевски – сопственик и управител на компанија „Био Оил“ и воедно иницијатор за креирање на алијансата „Премиум производи“
Ваквиот пристап на пазарот овозможи сите овие производители на премиум производи да настапат здружено под заеднички бренд, со заедничка дистрибуција, промоција и продажба на производите со цел поголема видливост и присутност на производите.
Овој модел беше препознаен како уникатен и поддржан од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.