Description
Идеата за отвaрање на погон и производство на ајвар како главен производ започна уште во 2006 година.
Jomi Food е основана во 2007 година со основна дејност преработка на овошје и зеленчук. Главен производ е домашниот ајвар “Гемиџиски ајвар” изработен по традиционален Велешки рецепт од квалитетната пиперка “капија”.
Од 2009 година е заштитен брендот “Македонски домашен ајвар” со Lisbon Agreement – The International System of Appelattions of Origin односно The Lisbon System – International protection for identifiers of typical products from a defined geographical area.
Ајварот не содржи никакви вештачки додатоци како конзерванси или згуснувачи.